Connect with us

Куп: Струга ТЛ даде десет гола, убедливи беа и Македонија ЃП, Пелистер и Брера

Почна битката во Купот на Македонија. Првите четири натпревари од 1/16-финалето донесоа очекувани резултати, бидејќи сите фаворити без поголеми проблеми ја оправдаа својата улога и обезбедија место во следната фаза.

Највпечатлив настап имаше Струга Трим Лум, која приреди вистинска голеада против Победа Валандово. Стружани славеа со убедливи 10-1, а прашањето околу победникот практично беше решено уште во првото полувреме, кое го добија со неверојатни 7-0.

Успешен почеток во Купот имаше и Пелистер. Битолчани, иако настапија во комбиниран состав, без проблем ја совладаа екипата на Студеничани со 6-1. Во првите 45 минути погодија Стојилевски, Љамчевски, Сиваков и Стојанов, додека во второто полувреме Талевски и Пресилски ја заокружија убедливата победа.

Голеада имаше и во Неготино, каде што Брера Струмица со 8-0 го декласираше Венец и рутински си обезбеди пласман во следната рунда.

Македонија ЃП беше најубедлива и славеше против Влазними со 14-0.

Утре на терен излегува и Вардар. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај Овче Поле и ќе се обидат да ја потврдат фаворитската улога и да продолжат во Купот.

Останатите натпревари од 1/16-финалето ќе се играат во текот на следната седмица, додека дел од дуелите се одложени за октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови