Connect with us

Куп: Новаци го елиминира Охрид, Брегалница и Башкими убедливи

Познати се уште седум патници во осминафиналето на Купот на Македонија, а најголемото изненадување го приреди Новаци, кој успеа да го елиминира амбициозниот второлигаш Охрид.

Новаци на домашен терен славеше со минимални 1-0.

Брегалница, пак, одигра одлично второ полувреме и со убедливи 4-1 го совлада Тетекс. Тетовци први стигнаа до предност, но потоа следеше целосен пресврт и сигурен триумф на штипскиот состав.

Шкендија Арачиново се пласираше во следната фаза по победата од 3-1 на гостувањето кај Детонит Плачковица, додека Башкими беше најубедлив од сите тимови. Клубот од Куманово со дури 5-0 славеше против Коњари.

Скопје го совлада Кожуф со 0-1 на гостински терен, додека Саса со идентичен резултат беше подобра од Шкупи. Беласица, пак, во Кочани го совлада Осогово со 1-3.

Така, по денешните натпревари остануваат уште три дуели за комплетирање на осминафиналната слика во Купот на Македонија.

Треба да се одиграат и средбите Могила – Арсими, Крошу Спорт – Тиквеш и Вардар Неготино – Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови