Фудбалската федерација на Македонија официјално ги одложи натпреварите од четвртфиналето на Купот кои беа закажани за утре. Претстојат денови на жалост во државата поради страшната автобуска трагедија во која загинаа 46 Македонци.
Комисијата за натпреварување при ФФМ одреди планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година да бидат презакажани за 1. декември, со почеток во 13 часот.
Во новиот закажан термин ќе се одиграат следните куп – натпревари: Шкендија – Струга Трим Лум, Пелистер – Вардар, Силекс – Брегалница, Македонија ЃП – Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski