Connect with us

Куп: „Два во кец“ во Тетово, за прволигашот Шкендија

Шкендија од Тетово со пресврт стигна до победа од 3-2 против Шкендија Арачиново во првиот полуфинален дуел од Купот на Македонија, и тоа откако на паузата замина со негатива од 1-2. Со овој триумф, тетовци си обезбедија минимална предност пред реваншот закажан за 6 мај.

Натпреварот започна динамично, со рано водство на домаќинот. Трумчи реализираше пенал уште во четвртата минута. Сепак, гостите од Арачиново не се поколебаа и до крајот на првото полувреме направија комплетен пресврт. Најпрво Нухија погоди за израмнување во 30. минута, а Ливарека во 43. донесе водство и изненадување пред паузата.

Во продолжението, фаворитот го наметна својот ритам и брзо се врати во игра. Ване Крстевски во 54. минута го израмни резултатот, а само петнаесетина минути подоцна, Анес Мелиќи го постави конечниот резултат со погодок за 3-2.

До самиот крај, Шкендија создаде уште неколку изгледни шанси, но реализацијата изостана, па тимот на Јетон Беќири ќе мора да ја брани оваа кревка предност на реваншот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови