Жул Кунде, еден од најконстантните и најважни фудбалери на Барселона оваа сезона, се соочува со неочекувана пауза поради повреда на мускулот здобиена на натпреварот против Интер.
Добрата вест за каталонскиот гигант е што станува збор за полесна повреда, но сепак доволно сериозна за Кунде да го пропушти реваншот против Интер, како и големото дерби против Реал Мадрид на 11 мај.
Францускиот дефанзивец ќе паузира околу три недели, со надеж дека ќе биде подготвен за евентуалното финале во Лигата на шампионите – ако Барса го елиминира Интер.
Кунде сигурно нема да настапи против Валјадолид, Интер, Реал Мадрид, како и во дуелите со Еспањол и Виљареал. Можно е негово враќање дури во последното коло од Ла Лига, на 25 мај против Атлетик Билбао.
Ова е голем удар за тренерот на Барселона, Ханси Флик, со оглед на тоа што Кунде има одиграно над 4.000 минути сезонава и над 50 натпревари – вистински незаменлив дел од тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













