Барселона утре го пречекува Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ оваа сезона и и не смее да загуби ако сака да се надева на титула. Тренерот Роналд Куман веќе со недели се соочува со отказ, а негативен резултат против најголемиот ривал може да ја прелие чашата.
Холанѓанецот е свесен за тоа, па ќе се обиде да го изненади Реал Мадрид и да го постави Ансу Фати како „лажна деветка“.
Интересно, пред точно една година, непосредно пред повредата, Фати играше како „деветка“ на „Ел Класико“ и го постигна единствениот гол. Тогаш лево играше Кутињо, а десно Меси, додека утре се очекува лево крило да биде Мемфис Депај, а десно да игра Сержињо Дест.
Единствена дилема што ја има Куман е позицијата десен бек каде се двоуми меѓу Серхи Роберто и Оскар Мингеза.
Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за в недела од 16.15 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski