Селекторот на Холандија, Роналд Куман, изрази разочарување по ремито 2-2 против Јапонија во првиот натпревар на двете селекции на Светското првенство 2026. Холанѓаните двапати имаа водство, но на крајот мораа да се задоволат со само еден бод откако примија гол во самиот финиш од натпреварот.
„Во првото полувреме немаше многу возбудувања, но по паузата натпреварот целосно се отвори. Јапонија е тим кој постојано врши притисок и не се откажува, а тоа го покажаа и денес. Иако двапати поведовме, не успеавме да ја зачуваме предноста. Особено ме разочарува вториот примен гол, бидејќи дојде по корнер во ситуација во која требаше да реагираме многу подобро“, изјави Куман.
Холандскиот стратег потенцираше дека против себе имале квалитетен противник и дека тимот треба да извлече поуки од овој натпревар.
„Резултатот секогаш е важен, но мора да се признае дека Јапонија е силна и добро организирана репрезентација. Има работи што мора да ги поправиме, но истовремено видов и многу позитивни моменти во нашата игра. Затоа нема потреба од преголемо разочарување по овој натпревар“, додаде Куман.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













