Connect with us

Култниот португалски клуб би можел да биде згаснат

Култниот португалски клуб Боависта ги живее најтешките моменти во својата историја. Времето минува, а ситуацијата станува сè потешка, дури и навивачите се повикани да помогнат.

Екипата на Боависта е исфрлена во аматерскиот ранг на португалскиот фудбал, но тоа е најмалку што поранешниот шампион на Португалија го преживува.

Судот донесе одлука Боависта до крајот на следната недела да плати 55.000 евра на сметката на даночната управа, во спротивно клубот ќе биде трајно затворен.

По оваа одлука, многу навивачи почнаа со обиди за спасување на клубот.

Боависта во четврток ја започна јавната кампања за собирање средства под името „Боависта, засекогаш!“.

Навивачите се вклучуваат во битката за спас, но прашање е дали парите ќе се соберат во потребниот рок.

Боависта пред неколку години исто така беше исфрлена од португалската елита, но судски беше вратена меѓу најдобрите.

Сега клубот, сепак, се наоѓа пред најтешките моменти во својата историја.

Клубот минатата сезона испадна од елитата, но не се лиценцираше за настап во втората португалска лига.

Едноставно, клубот е во финансиски колапс што дури и не му овозможува натпреварување во аматерските рангови на португалскиот фудбал.

Главната задача сега е да се спаси клубот од целосно затворање, никој повеќе не размислува за натпревари и резултати.

Боависта во 2001 година сензационално ја освои титулата шампион на Португалија, станувајќи само втор клуб по Белененсес што ја освои титулата надвор од големата тројка Порто, Бенфика и Спортинг.

Боависта настапуваше и во Лигата на шампионите и поседува еден од најубавите стадиони во Португалија, „Естадио до Беса“, на кој се играа и натпревари од ЕВРО 2004.

Клубот петпати го освојувал Купот на Португалија и трипати Суперкупот на Португалија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови