Тотенхем успеа да го совлада Лидс со 1-2 на гостински терен во седмото коло од Премиер – лигата и на тој начин остана на самиот врв на табелата. Сега имаат освоено 14 бодови, додека Лидс остана на осум.
Кудус покажа зошто треба да се смета за еден од најдобрите играчи за врска – не само што се избори за топката од тешка позиција, туку и го проигра Матис Тел, кој заблеска во следните неколку секунди.
Прво го измами својот чувар, се намести и упати удар, а топката заврши во мрежата.
Се играше 23-тата минута кога Тотенхем поведе со 0-1.
Само 11 минути подоцна следуваше израмнување. Лидс нападна, а по една одбиена топка од Викарио, Окафор постигна гол за 1-1.
Матис Тел до крајот на првото полувреме можеше повторно да се прослави, но ја погоди пречката во самиот финиш на овој дел од играта.
Само 13 минути игра во второто полувреме беа доволни да видиме нов гол. Овојпат повторно во мрежата на Лидс, а повторно тој – Мохамед Кудус, покажа каков играч е. Дојде до топката, се намести на левата нога и шутираше – го испрати голманот во една страна, топката во другата за 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













