Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, се огласи по повод шпекулациите дека Винисиус Жуниор би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Германецот истакна дека со бразилскиот крилен напаѓач секогаш имал одличен однос, и на теренот и надвор од него.
„Со Винисиус функциониравме одлично во секој поглед. Искрено, не би ме изненадило доколку еден ден играч од негов калибар заврши во Саудиска Арабија. Лигата очигледно напредува, а доаѓањето на фудбалери од светска класа, и тоа во најдобрите години, веќе е реалност. Трендот одамна не е насочен кон играчи на крајот од кариерата, туку кон оние што се во врвна форма“, изјави Крос за „Марка“.
Винисиус е дел од Реал Мадрид од 2018 година, но преговорите за продолжување на договорот засега не вродиле со плод. Актуелниот договор на 25-годишниот Бразилец со „кралскиот клуб“ важи до летото 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













