Кристијано Роналдо жестоко реагираше на скандалозното однесување на дел од навивачите во Саудиска Арабија, кои за време на натпреварот меѓу Ал-Тавон и Ал-Хилал го исмеваа Рубен Невеш со скандирања поврзани со неговиот покоен пријател и поранешен соиграч Диого Жота.
Португалската суперѕвезда смета дека ваквото однесување ги надминува сите граници и побара од раководството на Саудиската Про лига да реагира најостро – со доживотна забрана за присуство на стадион за навивачите кои учествувале во инцидентот.
Снимките од трибините брзо се проширија на социјалните мрежи. Невеш се подготвуваше да изведе слободен удар во близина на домашните навивачи кога од трибините почнаа да се слушаат скандирања „Жота, Жота, Жота“.
Играчот на Ал-Хилал на провокацијата одговори со саркастично аплаудирање, а потоа покажа кон небото и кон трибината од која доаѓаа скандирањата.
По натпреварот, Невеш им порача на новинарите:
„Само се надевам дека нема да одат да се молат подоцна по она што го направија.“
Невеш и Жота имаа исклучително блиска врска. Двајцата беа соиграчи уште во младинските селекции на Португалија, а потоа заедно играа и во Порто и Вулверхемптон. Во 2017 година пристигнаа во англискиот клуб и заедно го трасираа патот кон Премиер лигата.
Нивното пријателство продолжи и надвор од фудбалот. Семејствата им беа блиски, а Невеш денес на ногата има тетоважа на која се прикажани тој и Жота во прегратка.
Токму Невеш беше меѓу луѓето кои го носеа ковчегот на Жота на неговиот погреб. Португалскиот напаѓач трагично го загуби животот во јули 2025 година, на само 28 години, во сообраќајна несреќа во Шпанија, во која загина и неговиот 25-годишен брат Андре Силва.
Роналдо, кој со Невеш е соиграч во португалската репрезентација, а заедно со Жота настапуваше за националниот тим, застана во одбрана на својот сонародник.
„Лигата мора да преземе мерки и да го казни ваквото однесување на навивачите. Ова веќе не е фудбал и мора да постојат граници. На луѓето кои се однесуваат на овој начин никогаш повеќе не треба да им биде дозволено да влезат на стадион“, порача Роналдо.
Иронично, инцидентот се случи во натпревар кој Ал-Хилал го доби убедливо со 6-0. Габриел Мартинели постигна хет-трик, а Оли Воткинс двапати се запиша во листата на стрелците.
Cristiano Ronaldo has called for the Saudi Pro League to issue lifetime stadium bans for any fans involved after Ruben Neves appeared to be taunted by chants of his late friend and team-mate Diogo Jota during a match on Saturday.
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) September 13, 2026
Footage widely circulated on social media, filmed… pic.twitter.com/J4A7PBoqxe
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













