Connect with us

Кристијано Роналдо и Георгина тајно се венчаа (ФОТО)

Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез официјално стапија во брак.

Капитенот на португалската репрезентација и неговата животна партнерка ја споделија радосната вест преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од нивните раце со брачните прстени.

До фотографијата стоеја само нивните иницијали, со што двојката потврди дека ја крунисала својата долгогодишна љубов.

Роналдо и Георгина се заедно со години и имаат две заеднички ќерки, Алана Мартина и Бела Есмералда. Португалската фудбалска ѕвезда е татко на вкупно пет деца.

Неговиот највозрасен син, Кристијано Јуниор, е роден во 2010 година, додека во 2017 година Роналдо доби близнаци, Ева и Матео, преку сурогат-мајка.

Иако во изминатиот период се појавија информации дека свадбата требало да се одржи на островот Мадеира, тие најави се покажаа како неточни.

Сега веќе нема дилема – Кристијано Роналдо и Георгина Родригез го направија следниот голем чекор во нивната љубовна приказна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови