Connect with us

Кристал Палас и Вест Хем одиграа без голови, Вулверхемптон испадна од елитата

Лондонската пресметка помеѓу Кристал Палас и Вест Хем заврши со мирољубиви 0-0, исход кој најмалку им одговара на гостите во нивните напори да обезбедат опстанок во елитата. И покрај императивот за победа и можноста да избегаат од долниот дел на табелата, „чеканите“ не пронајдоа начин да ги освојат трите бода.

​По овој нерешен резултат, Вест Хем останува на 33 бодови, што е само за два повеќе од Тотенхем кој изненадувачки се наоѓа во зоната за испаѓање, правејќи ја секоја следна средба пресудна за нивната иднина. Ремито на Вест Хем и дефинитивно значи испаѓање за Вулверхемптон, кој се наоѓа на последната позиција на табелата.

За разлика од нив, Кристал Палас со собраните 43 бодови плови во мирни води и без резултатски притисок го очекува финишот на првенството, иако тимот сè уште не се откажува од одредени европски амбиции.

​На самиот терен, домаќините беа поблиску до водство, особено во првиот дел кога Бренан Џонсон не искористи две сериозни шанси за гол. Во продолжението, Вест Хем се обиде да наметне иницијатива, но нивните напади беа јалови и без вистинска завршница, додека Палас со дисциплинирана игра во одбраната не дозволи изненадување. Во трката за опстанок останува вклучен и Нотингем Форест, кој иако има предност од три бода во однос на Вест Хем, сепак не е целосно безбеден поради малата бодовна разлика меѓу загрозените екипи

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови