Кристал Палас го назначи францускиот тренер Пјер Саж за свој нов менаџер, потпишувајќи тригодишен договор. Тој на клупата го наследува Оливер Гласнер, кој го напушти клубот на крајот од сезоната по истекот на договорот.
„Неверојатно е да бидам тука во Кристал Палас. Возбуден сум од историјата на клубот и од резултатите што ги постигна во последните сезони“, изјави Саж.
Pierre is Palace 🦅
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) June 15, 2026
We are delighted to confirm the appointment of Pierre Sage as Manager.
„Оливер Гласнер направи навистина извонредни работи, а сега моја задача е да го продолжам тој пат. Затоа доаѓам со големи амбиции“, додаде новиот предводник на лондонскиот клуб.
Саж последно работеше во Лeнс, каде што под негово водство тимот го освои Купот на Франција и заврши на второто место во шампионатот. Ленс до самиот финиш беше во трка за титулата со Пари Сен Жермен.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













