Connect with us

„Кралевите“ убедливи против Валенсија, Винисиус ја „научи“ лекцијата (ВИДЕО)

Реал Мадрид се зацврсти на лидерската позиција во шпанската Ла Лига, откако вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо ја совлада Валенсија со 4-0.

Прашањето за победникот беше решено до крајот на првото полувреме, а Столе Димитриевски повторно беше на клупата за резерви кај Валенсија.

Килијан Мбапе го отвори резултатот во 19. минута со прецизен удар од белата точка, а истиот играч во 31. минута, по асистенција од Арда Ѓулер, зголеми на 2-0.

Во 42. минута Кореа го собори Карерас во шеснаесетникот на Валенсија, па судијата без двоумење досуди нов пенал за Реал. Винисиус инсистираше да го изведе, но неговиот удар го одбрани голманот Агирезабала.

Сепак, само две минути подоцна, голманот на гостите повторно мораше да ја вади топката од својата мрежа. Џуд Белингам ја прими топката на работ од шеснаесетникот, се ослободи од чуварот и со прецизен удар од левата страна го погоди спротивната агол – 3-0 за Реал.

Во второто полувреме „кралскиот клуб“ рутински го доведе мечот до крај, а точка на натпреварот стави Карерас во 82. минута, кога од тешка позиција од левата страна испрати вистински проектил во горниот агол – мајсторски погодок за конечни 4-0.

По бурните реакции за време на неодамнешното „Ел Класико“, Винисиус вечерва покажа примерено однесување – и тоа е уште една добивка за Реал. Дури и кога беше заменет во второто полувреме, Бразилецот остана смирен и целосно фокусиран.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови