Connect with us

„Кралевите“ преку Ал Ахли во финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Реал Мадрид го победи Ал Ахли со 4-1 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство каде ќе ги одмери силите со Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Тимот на Карло Анчелоти иако без неколку стандардни првотимци, сепак, покажа дека е класа за египетскиот претставник.

Винисиус Жуниор во 42.минута го отвори резултатот, а Феде Валверде на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0.

Ал Ахли намали од пенал со голот на Али Малул во 65.минута, а Лука Модриќ не реализира удар од белата точка во 87.минута. Сепак, Родриго во 92.минута и Серхио Арибас во 97.минута се погрижија за убедлив триумф на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови