Connect with us

„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)

Реал Мадрид им се врати на победите на убедлив начин. По неочекуваниот пораз од Бетис, „кралевите“ одиграа одлично прво полувреме и го совладаа Рајо Валјекано со 4-1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Домаќините веднаш ја презедоа контролата и уште во 14. минута го отворија резултатот. Килијан Мбапе беше прецизен од пенал за 1-0, а само три минути подоцна предноста на Реал веќе беше двојна. Алваро Карерас се запиша во листата на стрелци за 2-0.

До крајот на првиот дел стигна и третиот гол. Џуд Белингам погоди за 3-0 и му овозможи на Реал со огромна предност да замине на пауза.

Рајо се обиде да се врати во игра веднаш по одморот. Серхио Камељо во 51. минута го совлада Тибо Куртоа и намали на 3-1, но гостите немаа сили за нешто повеќе.

Реал го контролираше текот на натпреварот, а во судиското продолжение стави точка на триумфот. Мбапе во 91. минута по вторпат ја затресе мрежата и ги постави конечните 4-1.

Со оваа победа Реал Мадрид стигна до четвртиот триумф во првите пет кола, додека Рајо Валјекано остана на три порази.

Победата, сепак, ја засени повредата на Аурелиен Чуамени. Французинот поради проблеми беше заменет во 69. минута, а дополнителните прегледи треба да покажат дали станува збор за посериозна повреда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови