Connect with us

„Кралевите“ и дефинитивно без Мбапе во Суперкупот на Шпанија

Килијан Мбапе, водечкиот голгетер на Реал Мадрид и на шпанската Ла Лига, сигурно нема да настапи на Суперкупот на Шпанија, кој започнува утре и ќе трае до недела.

Французинот минатата недела заработи повреда на коленото, а иако во редовите на „кралскиот клуб“ до последно се надеваа дека ќе биде подготвен за настап и покрај препораката за тринеделен одмор, стручниот штаб сепак одлучи да не презема ризик. Тренерот Чаби Алонсо ја отфрли можноста Мбапе да настапи во Саудиска Арабија, ставајќи го здравјето на играчот во прв план.

Со оглед на тоа што по Суперкупот следува исклучително напорен распоред, со натпревари на секои три дена, Алонсо смета дека Мбапе ќе биде далеку поважен адут во домашното првенство и во Лигата на шампионите.


Во негово отсуство, местото во нападот најверојатно ќе му припадне на Гонзало, кој блесна со хет-трик против Бетис минатата недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови