Connect with us

Ковид-хаос во Тотенхем

Претстојните натпревари на Тотенхем против Рен и против Брајтон се доведени во прашање откако се појавила епидемија на Ковид-19 кај поголем дел од фудбалерите.


Извештаите сугерираат дека шест играчи од првиот тим (се уште неименувани) и двајца членови на персоналот биле позитивни на последното тестирање на коронавирус, на само два дена до нивниот следен натпревар.

Ова доаѓа во најлош можен момент за Тотенхем, кој допрва треба да го потврди пласманот во следната рунда на Конференциската лига на Европа, а има важни натпревари и во Премиер – лигата.

Фудбалерите кои на првиот примерок се позитивни, ќе направат дополнителен ПЦР тест за да ги потврдат резултатите, а доколку повторно се позитивни, тогаш ќе мора да се самоизолираат во наредните десет дена.

Новиот менаџер Антонио Конте се надева дека брзо ќе го внесе Тотенхем во првата „четворка“ на табелата, позиции кои гарантираат пласман во Лигата на шампионите. Засега тимот е во заостанување од два бода од лондонскиот ривал Вест Хем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови