Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.
Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус на Ковид-19 потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на коронавирусот. Чаклани и Фортуна утре во Тетово требаше да го играат првиот бараж дуел.
Според пропозициите за натпреварување, сега ждрепката ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.
Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













