Connect with us

Костадин Капсаров го засили Пелистер

Пелистер продолжува да го засилува тимот пред новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најновото засилување на битолчани е офанзивецот Костадин Капсаров.

Младиот 20-годишен фудбалер пристигнува на „Тумбе кафе“ по одличната сезона во дресот на Брегалница, каде што беше еден од најзаслужните за враќањето на штипскиот клуб во Првата македонска фудбалска лига. Капсаров минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец на Брегалница со 14 голови и беше меѓу најпродуктивните играчи во второлигашката конкуренција.

Со неговото доведување, тренерот Борче Христов добива уште една квалитетна опција во нападот и дополнителна сила во офанзивниот дел од екипата.

Капсаров зад себе има настапи за Беласица, Детонит Плачковица, Брера Струмица и Брегалница, а трансферот во Пелистер претставува нов предизвик во неговата кариера.

Битолскиот клуб ова лето активно работи на создавање конкурентен состав, а ангажманот на еден од најдобрите фудбалери од минатата сезона во Втората лига е уште една потврда дека амбициите на Пелистер се високи – враќање во Првата македонска фудбалска лига по само една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови