Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази задоволство по минималната победа од 0-1 на гостински терен против Лече, резултат кој му овозможи на неговиот тим да ја задржи лидерската позиција на табелата и да направи нов чекор кон освојување на Скудетото.
„Ќе бидам искрен – ова беше важен чекор кон титулата, иако не и пресудниот. Имав страв од овој натпревар, бидејќи Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во незгодна ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за следниот меч, затоа што моментално се распаѓаме. Ни недостигаат Нерес, Буонџорно, Жезус… Многумина мислат дека тоа е нормално, но Оливеира за првпат играше како централен дефанзивец под мое водство. Добро е што тимот реагираше позитивно на овие предизвици. Дури и Симоне Скуфет одигра одличен натпревар против Болоња“, изјави Конте.
Иако изгледаше нервозен по крајот на натпреварот, Конте појасни дека чувствувал повеќе стрес отколку нервоза.
„Разликата меѓу реми и победа во вакви натпревари може да промени многу. На крајот бев под стрес, не и нервозен“, додаде тој.
Доколку Наполи ја освои титулата оваа сезона, тоа ќе биде историски успех за Конте – Скудето со трет различен клуб.
„Да почекаме прво тоа да се случи. Сум освојувал, но и губел титула во последен момент. Оние што победуваат се впишуваат во историјата, другите само ја читаат“, заклучи Конте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













