Антонио Конте остана разочаран од фактот што Наполи се врати од два гола негатива и стигна само до реми 2-2 со Верона. Тренерот на „партенопеите“ смета дека неговиот тим бил оштетен од „чудна“ одлука за досуден пенал.
„Не чувствувам само разочарување. Ова се натпревари што можеш и да ги загубиш. Имаше две негативни епизоди за нас, во кои можевме да реагираме подобро“, изјави Конте.
„Одлуката за пеналот е чудна проценка, но ја прифаќаме. Тие два негативни моменти можеа да скршат секого, но тимот реагираше добро. А за Хојлунд, искрено, не знам каде треба да ја држи раката, што да направи – дали да ја ампутира? Така станува тешко, но продолжуваме понатаму“, додаде тренерот на Наполи.
„Интер? Знаеме дека ќе се соочиме со многу силен тим, кој стигна до две финалиња во Лигата на шампионите за две години. Ќе одиме таму со решителност и желба да го дадеме максимумот од себе“, изјави Антонио Конте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













