Интер ја победи Аталанта со 1-0 на „Џузепе Меаца“, повторно се одлепи на шест бода позитива во однос на Милан и направи голем чекор напред кон скудетото. Медиумите веднаш по мечот го прашаа Антонио Конте дали ја има титулата в џеб.
Тој ја стави раката в џеб и порача во свој стил:
„Имам 40 евра, кусур откако денеска ставив бензин во автомобилот. Не ми е титулата в џеб“.
До крајот на шампионатот во Серија А има уште многу да се игра, а Конте ја гледа паузата за репрезентативни настапи.
„Треба да продолжиме да играме и да победуваме. Има уште два меча до паузата и тоа мошне тешки. Торино се бори за опстанок, а Сасуоло им направи проблеми на сите екипи кои се борат за врвот“, дополни тренерот на Интер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski