Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше многу задоволен од победата на својот тим од 2-0 над Болоња во финалето на Суперкупот на Италија. Тој изрази мислење дека неговата екипа ги освоила титулата во Италија и Суперкупот против многу силни противници.
„Им честитам на играчите за беспрекорно одиграниот турнир. Сакавме овој трофеј да си го подариме себеси и на нашите навивачи и да им посакаме среќен Божиќ. Убаво е да го одбележиш празникот со трофеј. Го освоивме Скудетото, а сега и Суперкупот против многу силни ривали“, изјави Конте.
„Да не заборавиме дека пред две години Наполи го загуби финалето на Суперкупот од Интер. Сите знаеме дека во фудбалот значење има само победата. Никој не ја гледа листата на трофеи за да провери дали си стигнал до финале, и тоа го кажува човек кој како играч загубил многу. Јас сум сребрен медалист од Светско и Европско првенство, имам загубено многу финалиња. Тоа боли, бидејќи знаеш дека си поминал одличен пат, но ти недостига „црешката на тортата“. Сакам да ја истакнам работата на Болоња и особено на Винченцо Италијано“, додаде тој.
„Минатата година го освоивме првенството со многу ограничен состав. Оваа година имаме многу нови играчи, но сè уште не сме подготвени да бидеме лидери. Целта ни е пласман во Лигата на шампионите и знаеме дека ќе биде многу тешко. Свесни сме дека со напорна работа можеме да постигнеме многу“, нагласи Конте.
„Ако ги погледнеме шансите што ги создадовме, можевме да бидеме многу поефикасни. Одигравме одличен натпревар во многу сегменти. Голот на Нерес беше шампионски потег. Внимателно ги анализиравме сите ситуации што можеа да ѝ создадат проблеми на Болоња“, анализираше искусниот стручњак.
„Сметам дека нашата работа е да го прошируваме знаењето на фудбалерите. Активно работам на тој аспект и верувам дека секој играч со кого сум соработувал се унапредил и на технички и на психолошки план“, заклучи тренерот на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













