Наполи ова лето ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку. Идниот тренер на „партенопеите“, Антонио Конте, веќе разговарал со Белгиецот за евентуална преселба на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Конте и Лукаку се познаваат многу добро откако работеа заедно во Интер. Идејата е да се обиде да го замени Виктор Осимен во Наполи, кој речиси сигурно ќе биде продаден во Англија.
Наполи има и резервна опција, доколку не се постигне договор за Лукаку. Тогаш ќе тргне по Артјом Довбик од Џирона. Украинскиот репрезентативец во последната сезона постигна 24 гола и стана најдобар стрелец во Ла Лига.
Лукаку имаше добра сезона со Рома каде игра како позајмен од Челси. Белгиецот постигна 13 гола во Серија А и додаде 3 асистенции.
Конте се очекува да има околу 230 милиони евра за нови засилувања во Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













