Connect with us

Конечно, пофалби за Лука Јовиќ во „кралскиот дрес“

Синоќешната партија на Лука Јовиќ и победата на тешкото гостување во Сан Себастијан (0-2) предизвика многу позитивни реакции, пред се поради настапот на српскиот напаѓач кој најпрво асистираше на Винисиус Жуниор, а потоа постигна гол за потврда на триумфот.


По натпреварот сите го фалат, од медиумите, преку тренерот Карло Анчелоти, до соиграчите. Еден од нив, одличниот хрватски играч за врска Лука Модриќ, исто така изрази позитивни впечатоци за играта на неговиот истоименик Јовиќ.

„Тој забележа асистенција и постигна гол откако долго време беше оставен без да игра. Лука покажа дека можеме да сметаме на него. Презадоволни сме од неговата игра и гол“, изјави Модриќ.

„Кралевите“ сега имаат значителна предност на врвот на табелата во Ла Лига.

„Има навистина позитивни вибрации по настапот на овој натпревар. Имавме многу добар почеток и не му дозволивме на Реал Сосиедад да ја игра својата игра. Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар на место каде што е тешко да се игра, но одигравме одлично од самиот почеток и постигнавме два гола. Многу сме задоволни од тоа како тече сезоната и само треба да продолжиме така. Тимот е во многу добра форма, што се гледа и од нашите настапи“, додаде Модриќ.

Веќе во вторник Реал Мадрид ќе го пречека Интер во Лигата на шампионите, во борбата за првото место во групата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови