Connect with us

Коне и Суле донесоа триумф за Рома (ВИДЕО)

Рома стигна до тринаесеттата победа во сезоната во Серија А, откако со 2-0 го совлада Сасуоло во натпреварот од 20. коло.

Тимот на Џанпјеро Гасперини ги освои трите бода со два гола во второто полувреме – Французинот Ману Коне погоди во 76. минута, а Аргентинецот Матијас Суле само три минути подоцна го постави конечниот резултат.

Сасуоло имаше свои шанси, но не успеа да постигне почетен погодок на „Олимпико“.
Со победата, Рома се искачи на 39 бода, три помалку од второпласираниот Милан, но со два натпревари повеќе од „росонерите“.

Во следното коло, Рома ќе гостува кај Торино, додека Сасуоло ќе се соочи со тешка задача на гостувањето кај Наполи на „Диего Армандо Марадона“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови