Connect with us

Кондогбија го засили Атлетико Мадрид

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид потпиша договор со францускиот интернационалец Жефри Кондогбија.  Тој се обврза да остане на „Ванда Метрополитано“ до 2023 година, а Валенсија доби отштета од 15 милиони евра. 

Оваа сезона Кондогбија одигра пет натпревари за „лилјаците“, а претходно беше дел и од Интер, Монако, Севилја и Ленс.

Атлетико Мадрид доби можност да доведе нов фудбалер и по завршувањето на преодниот рок, затоа што Томас Парти замина од клубот во последните моменти од летниот трансфер прозорец.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови