Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, потврди дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, кој истекува на крајот од сезоната. Така францускиот репрезентативец ќе остане на „Енфилд“ по долги преговори со раководството.
„Искрено, има многу работи што луѓето ги зборуваа, но ние одамна разговараме со клубот и сега сме блиску до договор. Знам дека сите го очекуваа тоа долго време, но на вистински пат сме. Многу е веројатно дека ќе бидам тука и следната сезона. Тоа е нешто што отсекогаш сум го сакал. Го чекам финализирањето на договорот, но кога сè ќе биде завршено, ќе треба да го прашате Ричард Хјуз што му кажав во септември и ноември, а тој ќе каже нешто што ќе ги замолчи сите. Да, ова траеше долго, но станува збор за преговори. Со Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах минатата сезона беше исто. Мислам дека тие потпишаа нови договори во април, па можеби клубот така функционира“, изјави Конате, пренесуваат англиските медиуми.
Тој исто така порача дека е подготвен да биде лидер на тимот со оглед на претстојната разделба со Мохамед Салах и Енди Робертсон, како и фудбалската возраст на Вирџил ван Дајк.
„Сметам дека веќе сум лидер на овој тим – за помладите играчи, за тие од мојата генерација и за сите воопшто. Знаеме дека тоа е дел од фудбалскиот живот. Еден ден легендите заминуваат и потоа доаѓа наш ред да го преземеме лидерството. Почнав да го правам тоа уште пред неколку години, а особено во последните месеци, што носи голема одговорност. Но ние играме фудбал токму за вакви можности и за да се погрижиме сè да биде во ред со овој неверојатен клуб. Сепак, ми е потребна и помошта од сите – не можам сам. Затоа и реков дека кога сè ќе биде завршено, сакам да разговарате со Ричард и да го прашате што му кажав пред сите да почнат да зборуваат. Ќе видите кога ќе ви одговори“, додаде 27-годишниот централен дефанзивец.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













