Connect with us

Конате ќе добие 20 милиони евра бонус при потпис на договорот со Реал

Централниот дефанзивец Ибрахима Конате ќе добие бонус од 20 милиони евра при потпишувањето на договорот со Реал Мадрид, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Платата на 27-годишниот фудбалер во редовите на „кралскиот клуб“ ќе изнесува околу 12 милиони евра годишно. Тоа е сума слична на онаа што Конате ја заработувал во својата последна сезона во Ливерпул. Се очекува францускиот репрезентативец да потпише договор до 2030 година.

Во шпанската престолнина се уверени дека трансферот на Конате во Реал Мадрид е практично завршена работа.

На 31 мај, Ливерпул официјално го објави прекинот на соработката со Конате. Дефанзивецот беше член на клубот од летото 2021 година, а во тој период одигра 183 натпревари во сите конкуренции, при што постигна седум голови и забележа четири асистенции.

Интерес за Конате покажале и Барселона, Баерн Минхен, како и неколку клубови од Саудиска Арабија, но францускиот стопер ја избрал понудата на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови