Connect with us

Комо ја победи Верона и сѐ уште се надева на пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо забележаа минимална, но многу важна победа од 0-1 на гостувањето кај Верона на стадионот „Бентегоди“, во рамките на 35. коло од Серија А.


Во период во кој резултатите не им носеа премногу задоволство, тимот на Цеск Фабрегас влезе под притисок, имајќи само една победа на последните шест натпревари. Затоа, дуелот во Верона беше од клучно значење.


Одлуката падна во 71. минута, кога Анастасиос Дувикас со прецизна завршница ја круниса акцијата на своите соиграчи, откако претходно Андријас Едмундсон направи клучна грешка во одбраната.
Иако Комо беше поконкретен тим на теренот, создаваше повеќе шанси и ја погоди рамката од голот, натпреварот накратко доби неизвесност кога Кирон Бови постигна гол за Верона во 75. минута. Сепак, погодокот беше поништен поради офсајд.


Со оваа победа, Комо ја задржува надежта за висок пласман и моментално се наоѓа на петтата позиција, додека Верона и официјално го потврди својот пресел во Серија Б. Во меѓувреме, вниманието на табелата останува насочено и кон дуелот меѓу Милан и Аталанта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови