Комо ја продолжи импресивната серија во Серија А и вечерва приреди вистински подвиг во Рим, каде што со убедливи 0-3 славеше против Лацио во 21. коло. Тимот предводен од Цеск Фабрегас одигра доминантен натпревар и целосно го засени домаќинот.
Гостите експресно го отворија резултатот, откако Мартин Батурина погоди уште во втората минута, најавувајќи дека Комо нема намера да се брани. Иницијативата продолжи и во 24. минута, кога Нико Паз го зголеми водството, иако нешто подоцна не успеа да реализира пенал.
На полувремето Комо замина со предност од 0-2, а во вториот дел ја потврди одличната игра со уште еден погодок на Нико Паз, кој надомести за промашениот удар од белата точка.
Лацио не успеа да најде решение за расположените гости, претрпувајќи го седмиот пораз сезонава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













