Connect with us

Комити: Зошто Вардар ги раскина договорите со дел од стручниот штаб?

Навивачката група Комити и натаму е единствената која се бори против неправдите во ФК Вардар и смисленото пропаѓање на најголемиот фудбалски бренд во државата. Денеска јавно праша зошто раководството на клубот ги раскина договорите со дел од стручниот штаб. Изговор е дека Вардар не можел да ги сноси сите тие трошоци…


Матен Вардар…


Никако да дочекаме да ја видиме неговата чистина. Сардисан од сите страни…


Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија.


Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите… Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите, и тоа ладно небаре тоа е нормална работа !


Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?

Се води специјална војна против нас и Вардар !


Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците.


Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни !

Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа да се има и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.


Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате?
Навивачите тоа го заслужуваат !

Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност и ароганција.


Ако правите чекор, направете го сега, ако не дајте го клубот двете страни !

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови