Навивачката група „Комити“ на прес – конференција ја информираше јавноста за акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ и најави дека ќе биде максимална поддршка за клубот, како и досега. Собрани се финансиски средства кои треба да бидат префрлени на жиро-сметка на фудбалерите и на стручниот штаб.
„Вардар ќе продолжи да живее, собрани сме за убава работа, да дадеме отчет дека финансиските средства од акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ ќе завршат на вистинското место“, истакна претставникот на „Комити“.
Капитенот Дејан Блажевски се заблагодари на навивачите во името на фудбалскиот погон, но и истакна дека ќе треба брзо да се изнајде конечно решение за функционирање на клубот.
„Би сакал да се заблагодарам на навивачите, знаеме дека Комити се секогаш дел од клубот, наша максимална поддршка. Би сакал да истакнам дека ќе мора во брз рок да се изнајде и конечно, вистинско решение за функционирање на клубот, тимот да тренира како што му доликува. Вардар ќе продолжи да живее и ќе биде и понатаму голем“, изјави Дејан Блажевски.
На прес – конференцијата беа присутни и шефот на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи, дел од тренерскиот тим и фудбалерите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski