Connect with us

Комити со поддршка за вардарци: Срце на терен, утре во Битола

Дел од навивачката група Комити денеска присуствуваше на тренингот на Вардар и побара од фудбалерите да остават срце на терен на утрешното дерби против Пелистер во Битола. По подолг период, откако се создадоа услови со отворање на новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“, и Комити утре ќе имаат можност да гостуваат на дербито.

Вардар е лидер на табелата, а Пелистер се обидува да фати приклучок во трката за враќање во елитата. Ќе биде возбудливо во Битола, тоа е сигурно. Мечот се игра утре, со почеток во 13 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови