Connect with us

Комити скандираат…„Оди си Миленко“…„Наш е Вардар, наш ќе остане“ (ВИДЕО)

„Комити“ грмнаа на ФФМ: „Наш е Вардар, наш ќе остане!“ – почна бојкотот против првиот човек на клубот Миленко Неделковски.

„Комити“ вечерва испратија јасна и гласна порака до управата на Вардар. На дуелот со Арсими, навивачката група се појави на трибините, но нивното присуство беше увертира во најавениот бојкот на натпреварите, кој ќе трае сè до заминувањето на актуелното раководство.

Некаде пред самиот крај на првото полувреме, вардаровите навивачи во голем број пристигнаа на стадионот на ФФМ и застанаа на трибината зад голот. Првично владееше тишина, но потоа атмосферата се промени.

„Комити“ грмнаа со добро познатата порака:

„Наш е Вардар, наш ќе остане!“

Следеа пароли и скандирања против Миленко Неделковски.

Со тоа, најверните навивачи на црвено-црните уште еднаш го потврдија ставот дека клубот го сметаат за свој и дека нема да отстапат од барањето за промени во управата. Групата претходно официјално соопшти дека ќе ги бојкотира натпреварите на Вардар сè додека управата на чело со Миленко Неделковски не поднесе оставка.

Натпреварот со Арсими, според најавите на „Комити“, е последниот на кој тие ќе дадат поддршка од трибините пред почетокот на бојкотот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови