Connect with us

​„Комити“ објавија тотален бојкот и бараат заминување на Миленко Неделковски од ФК Вардар

Навивачката група „Комити“ донесе одлука за целосен бојкот на сите идни натпревари на ФК Вардар. Бојкотот ќе трае сè додека раководството на клубот, предводено од Миленко Неделковски, не поднесе оставка.

​Според нивното соопштение, главните причини за овој чекор се лошото управување, аматеризмот и инцидентот на последниот меч, каде што приватното обезбедување по наредба на раководството нападнало млади навивачи.

“Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТ на сите натпревари на ФК Вардар

а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот!

Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана!

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!

Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар!”, се вели во соопштението на “Комити”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови