Connect with us

Комити на итен состанок за ФК Вардар

Навивачката група Комити утревечер (01.09.2026) организира итен отворен состанок, на кој ќе биде оформен став околу ФК Вардар. Очигледно е дека Комитите не се задоволни од резултатите, но и начинот на кој се раководи со ФК Вардар, па може да се очекува и бојкот на натпреварите во наредниот период.

„ГОЛЕМ ОТВОРЕН СОСТАНОК!

Вторник(01.09.2026)

20:00 (на скалите пред Западна трибина)

За донесување на заеднички став во однос на ФК Вардар групата во изминатата недела оддржа состаноци со сите екипи и подгрупи каде што го искажаа своето мислење.

Сега на ред е тој најбитниот, каде што секој член и вардарец ќе може да присуствува затоа што за нас ВАРДАР Е КЛУБ НА НАРОДОТ!

Го повикуваме цело членство и сите вардарци на голем отворен состанок каде што групата ќе го изнесе својот став во однос на ФК Вардар.

Дојди и информирај се затоа што борбата се уште трае“, објавија Комити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови