Connect with us

Комити им упатија јасна порака на вардарци – Вакви дебакли нема да се толерираат!

Вардар доживеа тежок пораз (0-2) од Шкендија во првото големо дерби од новата сезона во Првата лига. Избраниците на Кристијан Фабијани комплетно потфрлија, а тоа на Комити не им се допадна.

Навивачката група упати порака до тимот.

“Порази имало и ќе има, а во минатото токму тие моменти не правеле посилни, затоа што јасно се гледала желбата и мотивот за да се победи на теренот, затоа што јасно се гледа како се гине кога се сака. Денес на Градски не видовме ништо, едно големо НИШТО од сето тоа кое треба да го краси Вардаровиот тим!

Не сте свесни колку сме бесни, како и сите Вардарци и затоа веднаш на почеток да ви биде јасно дека вакви дебакли нема да се толерираат!”, порачаа Комити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови