Connect with us

Комеморација за легендата: ФК Вардар го повлекува дресот со број “11”, а Јужна ќе го носи името на Васил Рингов

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го повлекува дресот со број “11” кој во златните времиња го носеше легендарниот Васил Рингов.

Денеска во хотелот “Хилтон” се одржа комеморативна седница на која актуелното раководство и неговите поранешни соиграчи ја истакнаа големината на крилниот напаѓач кој одигра преку 200 натпревари и постигна 93 гола.

Еден е Васил Рингов и неговите игри како фудбалер на Вардар секогаш ќе се паметат. Но, можеби и уште повеќе, тие што добро го познаваа, ќе ги паметат неговите човечки квалитети.

“Васил Рингов замина како голем човек, без да има ниту еден непријател”, рече актуелниот прв човек на клубот, Миленко Неделковски.

ФК Вардар поднесе иницијатива за јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови