Connect with us

КОЛУМНА – Филип Лам: Саки измисли „Мајкрософт“, Ферги внесе „закон“, Мурињо „докторираше“ одбрана, Гвардиола прави револуција

„Views of a footballer“ е колумна на Филип Лам, во соработка со новинарот Оливер Фрич, на германскиот интернет магазин „Zeit Online“, која ексклузивно во Македонија ја објавува www.makfudbal.mk. Истовремено колумната се објавува и во неколку реномирани медиуми во Европа (The Guardian, La Repubblica, Politiken, Delo, Sports Daily, Sport Voetbalmagazine, Gazeta Wyborcza, Tribuna, Dennik).

Поранешниот капитен на светскиот првак Германија и директор на турнирот ЕВРО 2024 ќе ги анализира фудбалските теми и ќе разговара за нивната стратешка важност за општеството, економијата и политиката.

Фудбалот како и уметноста, бизнисот и политиката го градат личностите. Во моментов актуелната фудбалска сцена е под влијание на тројца тренери од Италија, Португалија и од Шпанија. Ова го потврдува и финалната двојка во Лигата на шампионите меѓу Челси и Манчестер Сити.

Прсвртната иновативност во фудбалот е поврзана со Ариго Саки. Тој го воведе системот „маркирање на зоната по движењето на топката“ кој и денес е во функција. Тоа е „Мајкрософт“ за фудбалот. Без тоа ништо не би било функционално.

Со овој начин на колективна одбрана тој го моделираше Милан околу играчите како Франко Барези, Паоло Малдини, Руд Гулит и Роберто Донадони во најсилниот тим на светот. Тие го достигнаа зенитот во 1989 победувајќи го Реал Мадрид со 5-0 во полуфиналето на европскиот Куп на шампиони, а потоа и со триумфот на освојувачот на титулата од 1986, Стеауа Букурешт со Георге Хаџи во тимот со 4-0.

Тимот на Милан се движеше со неверојатен квалитет, но пред се одлично огранизираните играчи константно ги навлекуваа противничките фудбалери на дуели уште при почетокот на градењето на нападот што резултираше со губење на топката. Стеауа едвај ја минуваше линијата на половината од теренот, се разбира, беше далеку од постигнување голови, а победникот беше решен веќе само по 30 минути.

Секој тренер кој држи до себе мора да ги има изгледано овие 90 минути на апсолутна нееднаквост на теренот.

Саки воведе прогрес прво во Италија. И други италијански тренери, инаку познати и по добриот стил на облекување, воведоа ваков тип на дисциплина во нивните тимови. Најзабележителен во тоа е Фабио Капело. Неговиот Милан беше тотално доминантен во финалето во 1994 година против Барселона на Јохан Кројф триумфирајќи со 4-0.

Или Марчело Липи кој имаше три финалиња по ред со Јувентус од 1996 до 1998 година. Потоа и Карло Анчелоти кој беше играч на Саки, а како италијански тренер е единствениот кој трипати го кревал шампионскиот пехар во елитното натпреварување.

Италијанскиот фудбал беше пред времето и поради финансиерите како Силвио Берлускони и Анџело Морати. Нивните милиони ги привлекуваа најдобрите играчи. Како резултат на ова, тимовите од Серија А го освојуваа секој трет трофеј во европските купови, Лигата на шампионите, УЕФА купот и Купот на победниците на куповите во периодот од 1998 до 2003 година комбинирајќи вкупно 11 од можни 26 трофеи. Во тој период, седум клубови од Италија како Парма, Сампдорија, Наполи и Лацио ја освојуваа титулата во Купот на УЕФА. Ниту една друга лига нема ваков успех.

Од овој стандард поставен во Италија профитираше и Германија. Во 1990 година, Германија стана светски шампион затоа што тимот кој гравитираше околу Лотар Матеус беше формиран од играчи кои настапуваа во Серија А. Од 1995 година, модерниот систем, беше воведен во јуниорскиот тим на Баерн Минхен. „Маркирање на зоната по движењето на топката“ и четворица во одбраната беше револуција во Германија во тоа време. Со младинскиот тим Баерн стана германски шампион во 2001 и во 2002 што беше новитет во историјата на клубот.

Секогаш е потребен некој кој ќе ги прифати револуционерните идеи на другите и ќе ги спроведе дома. Германскиот Ариго Саки е Бјорн Андерсон кој го освои европскиот трофеј со Баерн Минхен во седумдесеттите. Тој кон младите фудбалери не се однесуваше авторитативно туку ги третираше како еднакви. Со скандинавската педагогија, Швеѓанецот и даде на мојата генерација нов начин на лидерство.

Иновативноста никогаш не останува незабележана. Тренери од други земји исто така го адаптираа стилот на Саки во нивните програми адекватни на тимовите што ги имаа. Формираа големи екипи кои имаа одличен континуитет. Алекс Фергусон направи голем бренд. Манчестер Јунајтед беше под негова контрола повеќе од половина век. Тоа резултираше со енормна стабилност и со јасна дистрибуција на улогите кај неговите 11 во тимот. Создаде напаѓачка машина. Со неговиот неверојатен осет за индивидуалност и карактер, Фергусон го предводеше тимот до четири финалиња во Лигата на шампионите и ја освои титулата во 1999 и во 2008. Секогаш знаеше најдобро да ги искористи квалитетите на тимот со кој располагаше.

Истото важи и за Луј ван Гал кој дојде до титулата со Ајакс во 1995 година користејќи го кодот на Саки. Отмар Хицфилд, господарот на зборовите и на психологијата, освојуваше титули со Борусија Дортмунд и со Баерн Минхен. Јуп Хејкенс триумфираше со Реал Мадрид во 1998 и со Баерн во 2001 година. Висенте дел Боске славеше со Реал Мадрид во 2000 и во 2002 година. Франк Рајкард, освојувачот на титулата со Барселона во 2006 година исто така беше играч на Саки.

И потоа се појави Жозе Мурињо. Тој го интерпретираше Саки одбранбено со доктрина на модерно катанаџо извлекувајќи го напаѓачкиот дух од фудбалот. Тој создаде одбрана ориентирана на топката во сопствената половина која овозможи невообичаени одбранбени подвизи благодарение на високото ниво на организираност и на физичката сила. Во полуфиналето против Барселона во 2010, буквално создаде човечка барикада во казнениот простор.

Мурињо го минимизираше ризикот од примање гол. Неговите тимови чекаат топката да биде загубена. Го користат моментот на ранливост за да го нападнат голот во само неколку потези. Со Порто, Мурињо ги освојуваше титулите во УЕФА лигата во 2003 и во Лигата на шампионите во 2004 година. На патот до трофеите неговиот тим во двата случаи ги спречуваше противниците да постигнат гол и во полуфиналните дуели и во финалињата. Во финалето во 2010, Баерн минхен беше надигран од Интер на Мурињо.

Еден од наследниците на Мурињо е Диего Симеоне. Тој успеа од Атлетико Мадрид, малиот градски ривал на Реал да направи одлично организирани 11 одбранбено ориентирани играчи кои ги координира 10 години. Ја освои Лигата на Европа двапати, сега ја обезбеди титулата во Шпанија, двапати беше во финалето на Лигата на шампионите во 2014 и во 2016 и тоа во период кога веќе беше лансирана сосема нова ера. Почна периодот на доминација на поседот на топката. Се појави Пеп Гвардиола.

Гвардиола ја врати романтичната идеологија на тотален фудбал чии најголеми потенцијали ги искористи Јохан Кројф во деведесеттите. Гвардиола бара комплетна контрола на играта, неговите 11 го „затвораат“ противникот на неговата половина од теренот и ако се загуби топката мора веднаш да се врати. Така се спречува другиот тим да гради напад, се создава постојана одбрана која единствено функционира ако имате технички перфектни играчи. Во 2009 со Баерн загубивме со 4-0. Во финалињата во 2009 и во 2011, Манчестер Јунајтед речиси и не ја допре топката. Барселона беше супердоминантна.

Начинот на игра на Гвардиола со голем посед на топката го освои интернационалниот фудбал. Побрзо од методот на Саки, Гвардиола воведе иновација со фокусирање на играта на значително скратен простор. Транзицијата секогаш е корисна, а тренерите наоѓаат и други варијанти.

Во средината од минатата деценија доминираше Реал Мадрид освојувајќи ги титулите во Лигата на шампионите во 2014 и во периодот од 2016 до 20018 година. Најголемиот клуб во светот секогаш ги привлекува најдобрите фудбалери. Беше потревна подолга потрага за засилување на тимот околу Лука Модриќ, Роналдо, Серхио Рамос, Карим Бензема и Тони Крос. Реал има посед според стилот на Гвардиола во 4-3-3 формацијата според моделот на Саки, но никогаш со екстремна тактичка варијација.

Уште еден пример: Во 2019, Јирген Клоп беше на врвот. Тој му одговори на Гвардиола со посебна стратегија. Со страст, физичка сила, верба, анархија, тој ја намали комплексноста на фудбалот. Тој не зависи од најдобрите играчи, нему му е важен емиционалниот пристап до фудбалерите. Тој ја освои титулата со Борусија Дортмунд во 2001 со одлично издание. Со Ливерпул, клубот кој перфектно одговара на менталитетот на клуб, германскиот стратег го направи клучниот исчекор кон светска големина. Клоп знае дека е потребно да се биде тренер во еден клуб повеќе сезони за да се доведе екипата до врвот.

Што ќе се случува вечерва во Порто?

Како и сите најдобри клубови, двата финалисти имаат мешавина од три компоненти. Како и кај сите клубови на денешницата, дури и оние од пониските нивоа, оперативниот систем е оној на Саки. И во двата тима ги има и Мурињо и Гвардиола. Челси и Манчестер Сити се бранат во манир ориентиран кон топката со кој го опседнуваат противникот во казнениот простор и го ставаат под контрапресинг, но и повторно и повторно се повлекуваат дозволувајќи му да ја преземе иницијативата. Потписот на Гвардиола останува видлив, но сега се повеќе дозволува физичка одбрана. Го позајмува тоа од Мурињо затоа што неговиот тим не е на “кралското“ ниво на Реал Мадрид или на Барселона.

Томас Тухел исто така е признат во светот на најголемите и најбогати клубови кои се натпреваруваат на највисоко ниво. Со Борусија дортмунд ја освои титулата во Купот, со ПСЖ освои две француски титули во две и пол години колку што беше на тренерското место. Во јануари го ангажираше Челси, центарот на модерниот фудбал каде рускиот олихарх Роман Абрамович инвестира две децении. Тој е првот тренер кој успеал да дојде во две последовни финалиња од Лигата на шампионите со два различни клуба.

Во Порто вечерва ќе имаме возбудливо финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови