Рандал Коло Муани е на чекор до комплетирање на постојан трансфер во Јувентус, откако Пари Сен Жермен даде зелено светло за зделката. Францускиот напаѓач во недела ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што треба официјално да стане нов член на „старата дама“.
Според информациите на италијанските медиуми, трансферот е вреден 38 милиони евра, со дополнителни 12 милиони преку бонуси. За разлика од претходните преговори, овојпат станува збор за целосен трансфер, а не за позајмица.
Коло Муани повторно се враќа во Торино, каде што веќе настапуваше како позајмен фудбалер во пролетниот дел од 2025 година. Потоа, како играч на Пари Сен Жермен, една сезона мина на позајмица во Тотенхем.
Јувентус првично се обидуваше да договори нова позајмица со задолжителен откуп на крајот од сезоната, но, според „Скај Спорт Италија“, клубот решил веднаш да ја плати договорената сума. Коло Муани ќе потпише договор до јуни 2031 година, а според најавите ќе заработува околу пет милиони евра нето по сезона.
Доколку медицинските прегледи минат без проблеми, францускиот репрезентативец уште во недела вечер би можел да му се приклучи на тимот на Јувентус на претсезонската турнеја.
Во меѓувреме, во Торино пристигна и Керим Алајбеговиќ, кој ги започна медицинските прегледи пред трансферот од Баер Леверкузен. Зделката за младиот фудбалер е проценета на околу 35 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













