Искусниот дефанзивец на Кит Го, Иван Колев осврнувајќи се на вчерашната дерби пресметка од 21. коло во Втората лига – Исток вели дека дуелот со Брегалница на крај завршил и со реално реми.
Колев потенцира дека Кит Го пропуштил можност за предност во првото полувреме, па согласно прикажаното во вториот дел на крај двете екипи заслужиле по бод. Брегалница поведе со голот на Ристе Наумов во 55. минута, а Кит Го израмни преку Иван Настевски со гол во 74. минута.
„Одигравме одлично прво полувреме во кое постојано имавме иницијатива. Сепак, не ги искористивме своите шанси па Брегалница на почетокот од второто полувреме не казни. Но, успеавме да се вратиме, покажувајќи карактер, и на крај стигнавме до реми кое можеби беше и најреален резултат“ – вели Колев, притоа дополнувајќи:
„Во екипата владее одлична атмосфера. Се надевам дека и натаму ќе продолжиме со добрите игри и веќе на следниот натпревар против Кожуф ќе се вратиме на победите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













