Connect with us

Кој вели дека Реал нема шпански репрезентативец? Марк Кукуреља меѓу „кралевите“ до 2032 година

Трансферната битка за Марк Кукуреља доби неочекуван епилог. Иако интерес за шпанскиот репрезентативец покажаа Барселона и Атлетико Мадрид, Реал Мадрид се вклучи во трката во последен момент и експресно ја заврши работата.

„Кралевите“ постигнаа договор со левиот бек, кој стави потпис на соработка до 2032 година. Кукуреља во моментов е дел од шпанската репрезентација на Светското првенство, па неговото официјално претставување во Мадрид е планирано по завршувањето на турнирот.

Сепак, ова е голем „улов“ за Реал Мадрид, со оглед дека Кукуреља е и шпански репрезентативец. „Кралевите“ немаа свој претставник во националниот тим на Шпанија на ова Светско првенство, но пред настапот на „црвената фурија“ сега го купија Марк Кукуреља.

Дваесет и седумгодишниот дефанзивец е производ на младинската школа на Барселона, а во текот на кариерата настапуваше и за Хетафе, Брајтон и Челси, од каде сега прави голем трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови