Connect with us

Коби Мејну уште пет години на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед постигна договор со својот млад талент Коби Мејну за новa долгогодишнa соработка, пренесуваат медиумите во Англија.


Според информациите, 19-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор со значително зголемена плата од околу 150.000 фунти неделно – речиси четирикратно повеќе од неговите досегашни примања.


Овој потег претставува важен чекор за клубот од „Олд Трафорд“, кој подолго време преговара со цел да ја обезбеди иднината на еден од најперспективните фудбалери од својата академија.
Медиумите наведуваат дека официјалната објава за продолжувањето на договорот најверојатно ќе следи по завршувањето на сезоната.


Ситуацијата на Мејну во клубот драстично се промени во последниот период. Тој претходно добиваше ограничена минутажа кај поранешниот менаџер Рубен Аморим, што доведе до шпекулации за можен трансфер уште во зимскиот преоден рок. Сепак, неговата улога се зголеми по тренерските промени и тој повторно стана клучен дел од тимот.


Новата договорна обврска практично потврдува дека Јунајтед планира да ја гради иднината околу Коби Мејну.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови