Фудбалерот за врска Коби Мејну нема да замине од Манчестер Јунајтед на позајмица. Се очекува тој да остане дел од првиот тим на „црвените ѓаволи“.
Според информациите, 20-годишниот англиски репрезентативец веднаш ја добил довербата на новиот менаџер Мајкл Карик. Ова е клучен фактор за одлуката младата ѕвезда да не биде позајмена.
Под претходниот менаџер Рубен Аморим, Мејну размислувал за можноста да замине на позајмица, за да добива редовно минути на терен и да го продолжи својот развој.
Во тековната сезона, Коби Мејну учествуваше на 13 натпревари во Премиер – лигата, без да постигне гол или да забележи асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













