Connect with us

Кнутсен: Ова не е чудо, туку години на напорна работа

Тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен, не го криеше воодушевувањето по триумфот од 1-2 над Интер на „Џузепе Меаца“ во реваншот од плејофот во Лига на шампиони. Со оваа победа норвешкиот состав обезбеди историски пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.

Според него, сепак, станува збор не за чудо, туку за логичен резултат на долгорочна и систематска работа.

„Да дојдеш овде, во овој фудбалски храм, и да го победиш Интер е нешто во што малкумина веруваа. Но за нас тоа не е чудо, туку плод на години напорна работа. Им реков на момците пред натпреварот: ‘Не ги гледајте имињата на противникот, гледајте ја топката и верувајте во нашиот идентитет’. Денес тие беа херои“, изјави Кнутсен.

Тој потенцираше дека неговиот тим тактички одиграл зрело и дисциплинирано второ полувреме.

„Интер е голем тим, но ние ги натеравме да се чувствуваат непријатно на сопствениот терен. Во второто полувреме бевме тактички перфектни. Кога го постигнавме вториот гол, во очите на моите играчи видов дека знаат оти нема да го испуштат моментот. Ова е најголемата ноќ во историјата на клубот“, додаде стратегот.

На крајот тој се осврна и на претстојната ждрепка за осминафиналето, каде потенцијални противници се Манчестер Сити или Спортинг Лисабон.

„Манчестер Сити или Спортинг? Кој и да ни се падне, ќе се подготвиме на ист начин. Ние не сме тука само за да учествуваме, туку да се натпреваруваме“, заклучи Кнутсен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови