Клубовите од Премиер лигата не очекуваат Манчестер Сити да биде дел од елитата следната сезона, доколку жалбата на клубот против одлуката за финансиските прекршоци биде одбиена, тврди „Скај Спортс“. Меѓу ривалите на „граѓаните“ преовладува мислењето дека казна во форма само на одземање бодови и финансиска санкција нема да биде доволна, имајќи ги предвид размерите на прекршоците вршени во период од девет сезони.
Клубовите се поделени околу казните за Ман Сити, постои хипотеза за одземање 200 бодови.
Манчестер Сити беше прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 обвиненија поврзани со сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, но клубот категорично ги отфрла заклучоците и веќе поднесе жалба на одлуката.
Од „Етихад“ инсистираат дека располагаат со „сеопфатен збир на необориви докази“, кои според нив ќе ја поддржат нивната позиција во апелацискиот процес.
Ривалите на Сити сметаат дека санкцијата треба да одговара на времетраењето и сериозноста на прекршоците. Според „Скај Спортс“, токму затоа кај клубовите постои очекување дека казната ќе биде потешка од санкција што би ги исфрлила „граѓаните“ од европските натпреварувања на една година или уште поблага казна само во форма на парична казна и забрана за трансфери.
Фудбалерите на Ман Сити ќе добијат повеќе информации за ситуацијата во четврток.
Апелацискиот процес претстои, а паралелно со него ќе се одржи и сослушување за одредување на санкцијата.
Независната комисија располага со различни можности, меѓу кои одземање бодови, парична казна, забрана за трансфери или исфрлање на Сити од Премиер лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













