Поранешниот шеф на одделот за скаутинг на Ливерпул, Иан Греам, изјави дека Јирген Клоп не сакал во тимот да го доведе Мохамед Салах во 2017 година, бидејќи претпочитал друг фудбалер, Џулијан Брант. Истото претходно го сподели и легендата на „црвените“, Џејми Карагер.
„Јирген инсистираше да го доведеме Брант, кој беше извонреден фудбалер. Клоп добро го познаваше, бидејќи доаѓаше од Бундес-лигата и беше запознаен со германскиот пазар. Се согласивме дека Брант е импресивен талент, но не го гледавме како подобра опција од Салах. Нашата анализа покажа дека Мо е најсилното крило во Европа во тој период. Покрај тоа, Рома имаше финансиски проблеми и знаевме дека ќе можеме да го купиме по добра цена“, раскажа Греам во документарниот филм на „Би-би-си“ за освојувањето на Лигата на шампионите во 2019 година.
„Брант играше повеќе како офанзивен играч за врска, додека Салах дејствуваше по крилната позиција. Токму таков играч ни требаше. Во текот на дискусијата, Јирген беше сосема искрен и рече: ‘Добро, убедете ме дека Салах е подобар’“, додаде Иан Греам.
Ливерпул плати 42 милиони евра на Рома за египетскиот напаѓач. Оттогаш, тој има одиграно 393 натпревари и постигнато 243 гола за тимот од „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













